Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛИТИКА И БАНКИ: Како се одржува македонската економија?

ПОЛИТИКА И БАНКИ: Како се одржува македонската економија?

Банките сами одлучуваат како ќе ги пласираат средствата на пазарот во зависност од својот интерес, оценуваат академиците по последната аукција на државни записи на која Владата се задолжи со 73 милиони евра. Ваквиот став доаѓа откако деновиве лидерот  на опозициската СДСМ Зоран Заев, непосредно пред последната аукција на државни хартии од вредност, ги повика домашните банки да се водат од државниот и од интересот на граѓаните и да внимаваат кого финансираат. Според претседателот на МАНУ, Таки Фити, политичираите од било која партија не можат да влијаат врз одлуките на домашните кредитори.

ED846A463F7DBA4593BC2F9764610A1E-Комерцијалните банки се под надзор на Централната банка, т.е таа го регулира банкарскиот сектор. Тие се стопански субјекти и ако некој од политичарите им рече прави вака или онака, тие и не мора да постапат така.Односно секој добар банкар и менаџер нема да го слуша она што ќе му го каже некој политичар сеедно од која политичка провиненција доаѓа, дали од едната или од другата. Банките си го гледаат својот интерес, си знаат тие кога ќе вложат во државни хартии од вредност, колкава ќе биде долгорочноста, знаат да го проценат ризикот.Не може барем со оваа независност денес што ја имаат банките , политичарите да влијаат врз нивните одлуки.А од друга изјавата на гувернерот на Нардоната банка Димитар Богов е само сигнал кој индиректно ги потсетува банките дека се независни, сами одговараат за вложувањата и не треба политиката да се меша, вели претседателот на МАНУ, Таки Фити.

За академик Абдулменаф Беџети, е спорна употребата на механизми и  блокади за нешто што е веќе влезено во Буџетот и е изгласано во Собрание. Тој посочува дека состојбата со фондовите особено со Пензискиот фонд е влошена уште многу години претходно, но решението треба да се бара во причините поради кои се дошло во оваа состојба, а не да се реагира по последиците. Според Беџети, политичарите не би требало да се мешаат во структурални работи кои однапред се познати и да се создваат тензии кај граѓаните.Беџети смета дека пензионерите со последните најави дека ќе останат без пензии, плати, социјална помош, се само изманипулирани.

begjeti-Пензионерите не треба да бидат исплашени, тие обврски се предвидени во Буџетот и тие обврски ќе си течат, од кои извори зависи од кондиционата поставеност на Буџетот. Не е ова прв пат , ние вака структурално работиме 5-6 години, најавуваме одамна за овие проблеми. Во 2009 година дека еден ден ќе биде проблем како ќе се финансираат социјалните фондови, пред се Фондот за пензиско осигурување. Познато е дека Пензискиот фонд  е многу зависен од Буџет, скоро 50 проценти е зависен од Буџетот, тие се на некој начин споени садови, и тоа не е ново. Сега овие дневни реакции се повеќе последични отколку причински. Јас сум за тоа да се бараат причините. Некои расходи не можеме да ги надминеме , кои се структурални, тие се расходи кои се предвидени, структурални и оперативни. Така што не би требало преку механизми односно блокади или вета да се спречува реализирање на овие тековни обврски, би требало да се води дебата зошто треба да се правата задолжувања . Одредени задолжувања мора да се правата, кога во Буџетот е предвидено финансирање на дефицитот. Треба да се влијае на трошење што е надвот од сите овие предвидувања, но се што е во рамките на овие предвидувања, се тековни обврски. Не би требало политичарите да се мешаат во вакви структурални работи кои однапред се познати. Мислам дека ако вака се продолжи ќе се користи потписот за да се прават тензии и докажувања кој е контра, но тоа не решението. Јас сум критичар на оваа власт особено во делот на задолжувањата, но не на вакви начини, тоа треба да се прави коцептуално , кога ќе се донесат решенија за што ќе се задолжуваме, вели академик Абдулменаф Беџети.

Преку аукции до пензии, плати, субвенции, социјална помош?

Задолжувањата за тековни трошоци се лоши, вели претседателот на МАНУ Таки Фити, посочувајќи дека Буџетот моментално е доведен во таква состојба.

-Некогаш кога мора да исплатите плати и пензиибидејќи нема синхронизиран прилив на сресдтва во Буџетот, во зависност кои јавни давачки кога се исплаќаат, кога се наплаќаат, тоа мора да се премости и кога тоа се премостува преку трезорот или краткорочни задолжувања е една работа, но кога имаме задолжување за исплаќање на тековни трошоци, тоа е многу лошо. Ние најверојатно сме дојдени во таа состојба. Во макроекономската наука јасно се потенцира дека е апсурдно да одите на задолжувања особено странски задолжувања за да ги покриете тековните трошоци во Буџетот, вели Фити.

СДСМ преку дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов, се обиде да стави вето на одржувањето на последната аукција со образложение дека ако врзаниот потпис важише за намалување на еврообврзницата,тогаш треба да важи и за задолжувањето на домашниот пазар, особено што сумата за задолжување според СДСМ е над реалните потреби.Ваквиот потег дополнително ја вжешти политичко-економската состојба. Наумов посочи дека не се против задолжувањата но само ако се во рамки на потребите и имаат согласност од дополнителниот заменик-министер.

Дополнително, изјавата на министерот за финансии Зоран Ставрески дека доколку аукцијата не се одржи ќе се доведе во прашање исплатата на платите, пензиите, субвенциите и социјалните трансфери содаде паника кај граѓаните. Дел од економистите реагираа со смирувачки изјави, дека за да се случи тоа треба Буџетот да е празен.

branimir-Ајде една груба пресметка на буџетските приходи и расходи во следните две недели. До 6 декември треба да се вратат околу 60 милиони евра по основ на државни хартии од вредности.На 8 декември треба да се вратат 150 милиони евра за еврообврзницата од 2005 година.До 15 декември треба да се исплатат платите на администрацијата и пензиите. Вкупно за плати и за социјални трансфери се исплаќаат околу 150 милиони евра месечно.Тоа се вкупно 360 милиони евра расходи, до 15 декември.На страната на приходите, тука се парите од еврообврзницата од минатата недела, од 270 милиони евра.Редовните буџетски приходи (исклучувајќи го ДДВ, кој се плаќа на крајот на месецот) изнесуваат околу 160 милиони евра. Ако пола од овие приходи се приберат до 15 декември, тоа се 80 милиони.Тоа се вкупно 350 милиони евра приходи, до 15 декември.За да не може да се исплаќаат плати и пензии без ново задолжување, трезорската сметка треба да е на нула, напиша на својот фејсбук профил економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ.

Според универзитетскиот професор Мирољуб Шукаров, ситуацијата кога со заем се отплаќа нов заем се нарекува „Пирамида”, a секое задолжување претставува неспособност да се обезбедат приходи за остварување на предвидените планови на една Влада.

SHUKAROV-Финансиска структура во која со заем се отплаќа стар заем се нарекува ПИРАМИДА, "Понциева шема" (според Чарлс Понци). Еве и ние, како држава, станавме негови фанови. Ние овој тип кредитирање нагалено (еуфемистички) и "стручно" го нарекуваме "кредити за рефинансирање". А, тоа е исто. Кредитно неспособен должник се задолжува од банка во банка за да го врати понапред земениот кредит. И се задолжува се повеќе и повеќе, напиша на својот фејсбук профил, универзитетскиот професор, Мирољуб Шукаров.

Откако стариот состав на Државната изборна комисија одлучи да не го прифати барањето на дополнителниот заменик-министер Наумов за ставање вето за новото задолжување, најавената аукција државни записи и обврзници, се одржа пред два дена. Но наместо планираните 100 милиони евра, државата побара близу 94 милиони евра, а од домашните кредитори доби 72,6 милиони евра. Дел од сумата ќе се враќа за 10 односно 15 години, а дел за три месеци до една година. Ваквото задолжување доаѓа неколку дена по задолжувањето на Владата на странскиот пазар со еврообврзница во висина од 270 милиони евра, и тогаш министер за финансии Ставрески изјави дека граѓаните треба да бидат спокојни, односно дека се обезбедни пари за плати, пензии, субвенции и социјална помош. Вчера министерството за финансии соопшти дека по основ на поврат на ДДВ на стопанството се вратени околу 10 милиони евра.

До крајот на годинава министерството за финансии има закажано уште две аукции на државни записи и обврзници. Според последните подато од финансии вкупниот јавен долг во третиот квартал од годинава изнесува 3,9 милјарди евра или 43,9 проценти од бруто-домашниот производ.

Р.Ф

Слично

Поврзани вести