Економија, финансии, бизнис

Контакт

Политичките поени и високите сметки за струја

Политичките поени и високите сметки за струја
СДСМ обвини дека Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) ја преплатиле модернизацијата на на агрегатите што ќе удри по џебот на граѓаните, од ЕЛЕм негираат било какви неправилности Според опозицијата, во процедура што траела две години,  компанијата одлучила да ги модернизира агрегатите во термоелектраната Битола избирајќи понуда претплатена за 95 милиони евра. Како што изјави пратеникот од СДСМ, Благоја Стојановски, ЕЛЕМ склучила договори за модернизација на агрегатите во вредност од околу 160 милиони евра, а не ја прифатиле понудата поевтина за 95 милиони евра. „Дополнително, заради одвоената работа на ЛОТ 1 и ЛОТ2, два блока во РЕК ќе бидат во застој од околу 100 дена, време потребно за реализација на предвидените работи, што значи и индиректна штета од околу 60 милиони евра, енергија која наместо да биде произведена во Македонија мора да се надомести со увоз на струја“, истакна Стојановски. Ваквите бизнис-зделки како и профитот од увоз на струја, кој надмина 73 милиони евра само во првите седум месеци, директно влијаат на повисоките сметки за струја, велат од СДСМ од каде сметаат дека ова е недомаќинско трошење на парите на граѓаните. Реагираа од АД „Електрани на Македонија“ . Оттаму велат соопштија дека во целост се спроведуваат јавните набавки во согласност со постојниот закон. „СДСМ во обид да собере ситни дневно политички поени во целост ги извртува фактите со цел да фрли дамка врз постапките што ги спроведува АД ЕЛЕМ на транспарентен начин. Согласно Законот за јавни набавки, АД ЕЛЕМ припаѓа во посебна категорија на договорни органи каде заради специфичноста на дејноста производство на електрична енергија, и согласно законските одредби ја користи, не само отворената, туку и спроведува ограничени постапки за јавни набавки“, стои во соопштението. Оттаму нагласуваат дека најголемиот дел од објавените известувања за склучени договори во изминатите девет месеци со постапка со преговарање се однесуваат на повторена постапка која претходно била поништена поради неможност за спроведување на електронска аукција, што е законска обврска согласно измените на Законот за јавни набавки. „Во однос на конкретните постапки, за лот 1 за модернизација на агрегатите, понуда доставиле руската компанија „Силовије Машини“ и „Технопромекспорт“, а како подобра е оценета понудата на руската компанија која, патем е и производител на опремата во ТЕ Битола. За лот 2 што како постапка предвидувала модернизација на котлите , понуда доставила само фирмата „Технопрометекспорт“, но оваа понуда содржела неадекватно техничко решение, па со оглед дека таа фирма била единствен понудувач, постапката за ЛОТ 2 е поништена и е распишан нов меѓународен оглас за избор на нов изведувач од кој покрај ревитализацијата на котлите се бара и соодветен зафат за исполнување на строгите еколошки стандарди и намалување на емисијата на азотни оксиди. Патем за оваа постапка, понудувачот „Технопрометекспорт“, не поднел жалба по извршената евалуација на понудите. На наредниот меѓународен јавен повик се јавија повеќе светски реномирани компании, а за најдобра е оценета понудата на германската компанија Бабкок Борсиг. На новиот оглас, фирмата „Технопрометекспорт“ воопшто не доставила понуда“,стои во соопштението од компанијата.
Слично

Поврзани вести