Економија, финансии, бизнис

Контакт

Политичките лидери на вонредна средба, Груевски бојкотира

Политичките лидери на вонредна средба, Груевски бојкотира

Непосредно пред извештајот на САД и ЕУ за условите за избори на 24-ти април, беше закажана вонредна средба во Клубот на пратеници.

На неа се појави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, лидерот на ДУИ, Али Ахмети и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не дојде во Клубот на пратеници, па без него почна состанокот со амбасадорот на САД, Џес Бејли, и претставници на ЕУ.

Нема информации дали поранешниот премиер подоцна ќе се приклучи на средбата.

На средбата амбасадорите им го презентираат извештајот за тоа дали има услови за одржување на фер избори во април.

Претходно пак,  со фотографија од мачка со кренати раце под која пишува „Се предавам”, белгискиот експерт и олеснувач во преговорите Питер Ванхауте на твитер најави дека изборите нема да се одржат на 24 април.

Слично

Поврзани вести