Политичките лидери и понатаму без договор
Лидерите на четирите највлијателни политички партии во земјава повторно се разминаа без договор за можностите за надминуавње на кризата која веќе неколку месеци ја тресе земјава.
Никола Груевски, лидерот на владеачката ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Македонија, Зоран Заев од највлијателната опозициска СДСМ , Али Ахмети од партијата на ДУИ и Мендух Тачи од ДПА се разминаа после еден и пол часовниот разговор и не сакаа да даваат изјави за медиумите.
Мисијата на Европската унија во Скопје соопшти дека четворицата лидери се согласиле уште еднаш да ја потврдат својат целосна посветеност на договорот од 2 јуни - вонредни парламентарни избори да се одржат во април наредната година.
Тие се согласиле како се наведува, договор за тоа да биде постигнат до 29 јуни.
Лидерите го поддржале транспарентното помагање на ЕУ околу текстот за овој договор и сите специфични препораки поврзани со систематските реформи во областа на владеањето на правото кое ќе биде спроведено во интерес на сите граѓани.
На преговорите освен четворицата лидери присутвуваа и американскиот амбасадор Џес Бејли и амбасадорот на ЕУ во Скопје Аиво Орав.
Оваа средба следеше откако пропаднаа последните преговори во Брисел пред две недели, на кои требаше да биде постигнат договр за прашањата кои произлегуваат од спогодбата од 2 јуни.
Европската комисија тогаш им порача да работат за здрави изборни правила, да ги ревидентираат изборните списоци, да ги почитуваат правата на малцинствата како и да ги имаат предвид препораките кои им ги дала ЕК , а кои се однесуваат на независни судства, владеење на право и слобода на медиуми.
