Економија, финансии, бизнис

Контакт

Политички земјотрес ќе ја здрма Македонија, прашањето е со колкав интензитет…?

Политички земјотрес ќе ја здрма Македонија, прашањето е со колкав интензитет…?
Бомбата е активирана, денеска ќе експлодира. Јавноста е во исчекување, што ќе се случи по експлодирањето на бомбата која што веќе подолг период ја најавува опозициската СДСМ. Едно е сигурно, владата на премиерот Никола Груевски никогаш не била во ваква дефанзива изминативе девет години колку што е на власт, коментираат аналитичарите. Пред денешната политичка „апокалипса“, Фактор прави рекапитулар на најзначајните настани поврзани со случајот „Пуч“. Повеќе од четири месеца македонската јавност е во исчекување - кога ќе експлодира бомбата, кого ќе го погоди и какви последици ќе има по државата ќе се дознае веќе утре. Според најавите опозицијата поседува низа докази за разни видови криминал и фалсификување на избори. Социјалдемократите се цврсто уверени дека со материјалите кои ги поседуваат Никола Груевски ќе биде принуден да си поднесе оставка, владата ќе капитулира, а во Македонија ќе се вратела слободата и демократијата. Владата во бомбите препозна обид за пуч, ги притвори поранешниот дирекрот на УБК Зоран Верушевски, неговата сопруга и локален функционер од општина Струмица. Синоќа стаса и веста дека притвор заработиле и уште двајца полициски службеници. Од полицијата не откриваат во кој сектор работел 52 годишниот полицаец од Скопје. Неговиот три години помлад колега од Велес добил отказ во 2013 година. Дали бомбите веќе дадоа ефект - како никогаш досега премиерот Груевски попушти и со СОНК и со студентите и со хонорарците Дали најавите на опозицијата за експлодирање на бомбите го турнаа премиерот Груевски во досега невидена дефанзивна улога. Серијата настани кои се случуваа во Македонија изминатиов период, ги натераа аналитичарите да твдрат дека после девет години се насетува дека премиерот Никола Груевски попушта за работи за кои само до пред извесен период црвсто тврдеше дека ќе бидат спроведени. Иако судските одлуки за Вранишковски и колегата Кежаровски, формално не може да се поврзат со Владата, сепак посетата на рускиот митрополит Иларион со државно политичкиот врв веројатно беше клучна за Вранишковски да биде ослободен од затвор. Приказната со Кежаровски доби епилог по протестите на новинарите и на граѓаните загрижени за состојбата со слободата на изразување во земјата. Во исто време, штрајкуваше и СОНК, а владата кој не сакаше да признае дека има штрајк, наеднаш соопшти среде ноќ, дека се договориле со СОНК. Ден подоцна премиерот изненадно ги повика и студентите и професорите за да им каже дека законот за високо образование нема да важи. Им понуди заедно да подготвеле нов. Вчера, јавноста беше информира дека пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ ќе предложи измени и на законското решение за плаќање придонеси за хонорарите. Ваквото отстапување од работите е несвојсветено за владеачката ВМРО ДПМНЕ изминатите девет години, колку што се на власт. Дали најавите за објавување на бомбата предизвика тектоснки поместувања кај власта? Заев доби подршка од своите сопартијци и сојузници да ја објави бомбата Систематско и незаконско прислушување на илјадници граѓани, целосна контрола и злоупотреба на државните институции и правосудни инстанци во партиски и изборни цели, злоупотреби и груби нарушувања во изборниот процес како и криминал и корупција во највисоките ешалони на власта се материјалите кои ги содржи „бомбата“ на Заев. Овие сознанија се потенцирани во заклучоците на Централниот одбор на СДСМ од петочното гласање. „Документите ги потврдуваат ставовите на СДСМ и на голем дел од македонската и меѓународната јавност, за притисоците врз медиумите и слободата на изразување, целосната контрола на државните институции од страна на врхушката на власт, селективната и партиски диктирана правда како и погазената правна држава“, пишува во заклучокот на СДСМ. ВМРО ДПМНЕ ја поздрави одлуката за објавување бомби ВМРО - ДПМНЕ ја поздрави одлуката на Централниот одбор на СДСМ за објавување на „бомбата" и „децидно потцртува дека конечно очајот, алчноста и недостатокот на капацитет на Зоран Заев добиваат свое финале. Според ВМРО-ДПМНЕ и досега социјалдемократите држеле вакви состаноци, најавувале и фрлале бомби, се заканувале, вреѓале, употребувале насилство.. „Се удирале во гради создавајќи лажни еуфории и слични површни работи. Еве овојпат сите треба да се еуфорични зошто нивниот лидер сам призна дека соработува со странски служби и креира деструкција за туѓ интерес, но после секоја ваква ситуација се подлабоко потонувале. Народот на Република Македонија знае да цени кој работи за негово добро со проекти, реформи, програма, а кој се занимава со манипулации и деструкција“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Груевски се обрати на нацијата На 31 јануари годинава, премиерот Никола Груевски во обраќање до јавноста по повод кривичната пријава против лидерот на СДСМ Зоран Заев, за „шпионажа и насилство спрема претставници на највисоки државни органи“, рече дека лидерот на опозицијата барал формирање на техничка влада заканувајќи му се со снимени телефонски разговори кои може да го компромитираат државниот врв. Груевски информира дека од септември до ноември четири пати се сретнал со Заев. На средбите, лидерот на опозицијата побарал формирање техничка влада, но оти тој не прифаќа закани, уцени и местенки. Груевски рече дека Заев му раскажал неколку телефонски разговори, за кои констатирал дека дел се точни, дел половично точни и дел неточни. „Сепак, фактот дека дел од нив беа точни укажуваше на сериозноста на ситуацијата“, рече Груевски. Во цели 24 години независност на Република Македонија, подвлече тој, вакво нешто ниту еден политичар, ниту најконтроверзниот, не направиле. „Закани и уцени и вакви местенки не прифаќам и не проаѓаат и на сите инволвирани јавно им порачувам дека ние не сме Македончиња, туку Македонци“, порача Груевски. За власта - Заев соработник на странски служби Лидерот на македонската опозиција се најде во средиштето на голем скандал во кој е осомничен за учество во шпиунажа за странски служби и структури, пишуваа провладините медиуми. Според информациите кои се обзнанија, лидерот на Социјалдемократскиот сојуз Зоран Заев заедно со поранешниот разузнувач Зоран Верушевски, како и неговата сопруга исто така, се вклучени во мрежата за шпинурање. Во домот на Верушевски се најдени огромен број на материјали, прислушкувани фајлови, комуникации на јавни личности, политичари. Дел од материјалите се од класифицирана природа и со нив се руши уставниот и правниот поредок на државата, пишуваа провладините медиуми, според нив материјалите и комуникациите се обезбедени во соработка со странски служби со кој Заев остварувал комуникација и соработка. Намерата на Заев била обезбедување на пуч и државен удар со цел да дојде на власт надвор од демократските процедури. Фрчковски - Бомбата мора да се објави за народот да види дека нема никаков обид за „пуч“ Универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски смета дека СДСМ мора да ги објави информациите кои ја поврзуваат власта со одредени афери и само така ќе ја промени перцепцијата која ВМРО-ДПМНЕ сака да ја создаде кај народот-обид за наводен пуч. Според Фрчкоски периодов кој следи власта ќе ја засили својата активност и на секој можен начин и средства на располагање ќе се обиде да дознае за кои афери СДСМ и Зоран Заев зборуваат. Фрчкоски објасни дека најверојатно аферата ќе излезе на виделина со доаѓањето на новиот амбасадор на САД во земјава Џес Бејли, а дипломатскиот кор многу внимателно ќе следи што ќе се случува но и ќе ги менуваат изјавите околу случајот во зависност од она што ќе објави СДСМ. А како почна се... Политичката криза што изби пролетта, ексалира. Веднаш по изборите, опозицијата преводена од Заев одлучи да не ги признае резултатите, оценувајќи ги изборите за системска кражба на гласови. Власта го игнорираше ставот на опозицијата и бојкотот на Собранието. Крако потоа, на почетокот на летото Заев излезе со пет барања - меѓу кои и најоспоруваното за формирање на техничка влада. Имаше и средба со Груевски во Клубот на пртеници, која заврши без никаво поместување од позициите. На почетокот на октомври, лидерот на СДСМ, најави бомба со аргументи и докази што ги имале против Груевски со кој како што тврдеше тогаш ќе го урнел за три дена од власт. Владеачката ВМРО-ДПМНЕ, во своја првична реакција тогаш јавно го повика лидерот на СДСМ Зоран Заев да објави се што има да објави. Премиерот Груевски кон крајот на ноември со потсмев ја прими информациијата за бомбата на Заев, но како одминуваше времето, така работите стануваа се посериозни. Лидерот на опозицијата изминатиов период постојано беше обвинуван дека премногу калкулира со објавувањето на наводните компромитирачки материјали за власта..Но, тој постојано потенцираше дека бомбата ќе биде објавена во најпогодниот момент. И покрај кривичната пријава, Заев тврди дека останува на намерата да ги објави материјалите. Р. Ф
Слично

Поврзани вести