Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛИТИЧКИ ПРОБЛЕМ: ОБСЕ виде заплашување врз администрацијата!

ПОЛИТИЧКИ ПРОБЛЕМ: ОБСЕ виде заплашување врз администрацијата!
По неколку неделни набљудувачки активности организацијата ОБСЕ/ОДИХР смета дека имало големи проблеми во закажаните па одложени избори за 5 јуни. Оваа оценка ја потврдува силната заложба на меѓународната заедница која инсистираше на одложување на изборите. Изборите се одложија откако Уставниот суд ја прогласи неуставна одлуката за распуштање на парламентот. -Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР добија веродостојни наводи за притисок врз вработени во јавниот сектор да присуствуваат на контра-протести, вклучувајќи и закани за отпуштање од работа, се вели во извештајот. ОБСЕ/ОДИХР оценува дека политичката криза се продлабочила по бојкотот на изборите од страна на опозицијата заради неисполнети услови од Договорот од Пржино. Она што дополнително влијаело на влошување на условите е одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на 56 лица. Подоцна аболицијата беше укината, но дури откако изборите беа одложени.
Слично

Поврзани вести