Економија, финансии, бизнис

Контакт

Политичката криза ризик Македонија да го загуби пристапот до ИПА фондовите

Политичката криза ризик Македонија да го загуби  пристапот до ИПА фондовите

Македонија може да го загуби пристапот до ИПА фондовите.

За ова вчера предупреди  Делегацијата на Европската Унија во Скопје откаде што велат дека политичката криза негативно се одразува врз евроинтеграциите.

Никола Бертолини од канцеларијата на делегацијата на ЕУ во Скопје истакна дека доколку на кризата не и се стави крај, тогаш може да дојде до скратување на фондовите.

 “Може да се случи такво нешто поради тоа што на оваа криза не и се гледа крајот. Тоа влијае земјата и наместо напредок, има назадување во процесот на интеграција на ЕУ. Секако тоа би можело да влијае на скратување на ИПА фондовите “, изјави Никола Бертолини – Делегација на ЕУ.

ЕУ се уште ја поддржува Македонија, овој пат со грант во вредност од 1.4 милион евра како дел од ИПА проектот „Поддршка за вработување млади лица“. 

Слично

Поврзани вести