Политичката криза негативно влијае кај стопанствениците, инвеститорите чекаат подобри времиња
Негативни ефекти од актуелната политичка ситуација во Македонија се забележуваат во бизнис секторот и ги одвраќаат инвеститорите, пренесува Телма.
Бизнисменот Шефки Идризи сопственик на Ренова, претпријатие за производство на суровини во градежништво, вели повеќе се размислува за политика отколку за економија.
,,Клиенти кои ги користат нашите производи стравуваат да инвестираат во градежни објекти, чекаат подобри времиња’’ - изјави Идризи за Телма.
Истовремено, тоа го потврдуваат и од ЕСА, агенција која дава советодавни услуви во бизнис секторот. Тие велат дека фирми од Западна Европа кои решиле да вложат во Македонија, по влошената политичка ситуација, инвестициите ги ставиле во мирување.
Професорот Изет Зеќири, во изјава за Телма, вели дека голем проблем е постојаното менување на законите преку кои најчесто се зголемува контролата.
Тој објаснува дека во услови кога државата е најголем инвеститор, работодавач и контролор на економските текови, политичката криза директно и негативно влијае врз економијата.
Зеќири додава дека, во овие услови најавените макроекономски политики на Владата, раст на градежништвото и планираните странски инвестиции нема да се остварат.
Слично
