Политичката криза ќе има последици на бизнисот
Околу 50% од бизнисмените очекуваат влошување на економската состојба, а 10 % се оптимисти дека ќе се подобри.
Ова го покажува анкетата на Македонско-Германското бизнис здружение. Според резултатите 13 % од анкетираните фирми годинава ќе го намалуваат бројот на вработени, а 40 % ќе го зголемат.
Анкетата за бизнис климата во земјава е спорведена во 59 фирми, пред да настанат последните политики случувања во земјава. Политичката криза негативно ќе се одрази на бизнисот во земјата. Од германската стопанска асоцијација сметаат дека состојбата пред избори во земјава е слична како и во другите од југоисточна Европа. Во Македонија има над 200 германски компании, каде се вработени околу 15.000 луѓе. Трговската размена меѓу двете земји изнесува 2,52 милијарди евра.
Слично
