Економија, финансии, бизнис

Контакт

Политичката криза го кочи економскиот раст-Светска банка бара да не се задолжуваме!

Политичката криза го кочи економскиот раст-Светска банка бара да не се задолжуваме!

Директорката на Светска банка за Западен Балкан Елен Голдстин, изјавила дека доброто економско опоравување лани посебно е забележано во Србија и Албанија.

Економско опоравување, според нејзините зборови, минатата година делумно се бележи во Босна и Херцеговина, додека забавен раст има во Црна Гора.

На конференцијата за медиуми, Голдстин ситакнала дека е посебно важно што се бележи отворање на нови работни места во регионот, како и пад на буџетскиот дефицит.

Според најновиот извештај на Светска банка за економските движења во земјите од западен Балкан, повеќе работни места и ниски цени помагаат да се намали сиромаштијата во регионот, со просечна стапка на сиромаштво која во 2016 паднала за речиси два проценти во Албанија, Македонија, Црна Гора и Србија, дополнувајќи така други користи кои помогнале во извлекување на околу 240 000 луѓе од сиромаштија во изминатите три години.

Земјите од западен Балкан, исто така, бележаѕ брз економски раст отколку во 2015 година, при што растот во регионот е проценет во 2016 година на 2,8 отсто,а за оваа година на 3,3 проценти.

Забрзувањето на растот во Србија и Албанија, спред оценките на Светска банка, ја компензирало економската експанзија во Црна Гора и Македонија, додека на Косово е забележано забавување на растот лани.

Она што влијаело да забави растот во Македонија е политичката криза и намалените инвестиции како резултат на истата.

Светска банка со низа критики бара да се намали задолжувањето во земјава.

Светска банка укажува дека реформите треба да се фокусират на области во пазарот на труд, бизнис околината, ефикасноста на јавниот сектор и глобални интеграции со обезбедување на одржливо користење енергии и природни ресурси.

Слично

Поврзани вести