Економија, финансии, бизнис

Контакт

Политичката и мигрантската криза тема на разговор на средбата Шекеринска-Кундерс

Политичката и мигрантската криза тема на разговор на средбата Шекеринска-Кундерс

Во фокусот на денешната утринска средба меѓу делегација на опозицијата и делегација на  Кралството Холандија беше политичката ситуација во земјава како и мигрантската криза.

Шекеринска на чело на опозицијата истакна дека политичката криза во земјава започнала поради изборните злоупотреби на власта, и потенцираше дека истата криза би можела да се продлабочи доколку има уште едни криминални избори.

Таа го истакна ставот на СДСМ дека партијата на Заев инсистира на целосна имплементација на договорот од Пржино кој го потпишаа четирите големи партии во земјава образложувајќи дека без да прочистен Избирачки список и регулирани медиуми нема да има фер, демократски и слободни избори.

Шекеринска нагласи дека власта и ВМРО ДПМНЕ преку медиумска кампања се обидуваат да ги  дискредитираат независните институции коишто произлегоа од тој Договор алудирајќи на Специјалното јавно обвинителство.

Потребата од системски решенија и поголема поддршка за Македонија беа истакнати во однос на мигрантската криза.

Слично

Поврзани вести