Политичка партија упатува закани до новинарот Мухамед Зекири
Политика партија упатува закани и заплашувања до новинарот Мухамед Зекири.
Ова пред неколку часа го сподели со јавноста преку социјалната мрежа самиот Зекири.
„Од тоа што го има запишано Господ да се слуи не може да избега никој.
Се плашам само од возвишениот Алах и никој друг.
Почитувани пријатели сакам јавно да Ви се обратам и да споделам со Вас дека последниве денови се зголемени заканите кон мене и моето семејство. Целта е јасна да ме вознемират и уплашат . Но им ставам јасно до знаење ним, дека ниту им се плашам ниту ме вознемируваат.
Јас ќе продолжам да бидам тој што сум, истиот тој Мухамед кој што го познавате. Јас ќе продолжам со Вас да ги споделувам моите ставови за случувањата во нашава земја. На многумина може тоа да не им се допаѓа но јас нема да престанам да го кажувам тоа што го мислам. Знам дека албанската пртија на власт ДУИ и нејзините г’золижачи се вознемирени и го имаат изгубено патот во сопствениот двор и единственото нешто што им преостанало е заплшувањето и заканите кон неистомислениците.
Не ви се плашам !!!
Од запишаното од Господ никој не може да избега. Еднаш сум се родил еднаш ќе умрам.
До мојот последен здив ќе се борам против злото и злосторниците“, напиша тој на Фејсбук!
Слично
