Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛИТИЧКА КРИЗА VS ИВАНОВ: Дали може да се поврати кредибилитетот на претседателот?

ПОЛИТИЧКА КРИЗА VS ИВАНОВ: Дали може да се поврати кредибилитетот на претседателот?
Каде е и зошто не е активен претседателот Иванов? Многумина сметаа дека политичката криза беше идеална шанса за него да го поврати легитимететот на избран претседател и токму тој да биде фактор на помирување. Сепак, Иванов за цело време на кризата одбра да биде пасивен, и таа улога да им ја препушти на странците. За разлика од него, Борис Трајковски имаше огромна улога во конфликтот 2001 та година. Таа криза и оваа сегашна криза се двете најголеми предизвици за Македонија во осамостојувањето. Професорот Тито Беличанец за 24 вести вели дека иванов се уште има шанси да игра позабележителна улога, а ако тоа не се случи би било добро смета Беличанец опозицијата да покрене постапка за негово отповикување. - Имајќи ја предвид неговата досегашна неактивност со што стана соучесник во настанувањето на состојбите опишани во Извештајот на Прибе кој е едновремено и составен дел на оценките од ЕУ и САД, предлагам да се побара од Претседателот да подготви план за мерки и активности со кои ќе даде соодветен придонес во спроведување на договорот. Избор на Јавен обвинител Друга битна работа за спроведување на договорот од Пржино секако е изборот на специјален ЈО. „Договорот што го потпишаа двете страни е политички договор, кој ќе треба да се операционализира особено делот за специјалниот јавен обвинител, бидејќи не е доволно да се каже дека ќе има специјален јавен обвинител кој ќе ги истражи прислушуваните материјали, туку треба да се  види како ќе се операционализираат работите. Треба да се направат измени на Законот за јавен обвинител, да се види како ќе функционира овој специјален јавен обвинител бидејќи за тоа се потребни ресурси и човечки и финансиски, вели Слаѓана Тасева, од Транспаренси Интернешнл. Според Тасева, ако се сака овој специјален јавен обвинител да има ефикасност, тогаш треба да биде издвоен од јавното обвинителство. Од работата на СЈО ќе зависат многу работи и на политичката сцена. Имено ако тој успее да направи вистинска независност и покрене пријави против високи функционери, тоа во многу нешта ќе го детерминира текот на настаните. Преговорите помеѓу четирите политички партии за детално спроведување на политичкиот договор, ќе продолжат во почетокот на наредна недела со посредништво на белгискиот експерт Питер Ван Ховит.  
Слично

Поврзани вести