Економија, финансии, бизнис

Контакт

Политичарите и државната администрација најмалку корумпирани во Македонија

Политичарите и државната администрација најмалку корумпирани во Македонија
Истражување спроведено од агенцијата "Брима Галуп" покажало дека Македонија и Црна Гора се земји со најмалку корупција меѓу политичарите и државната администрација .
Највисок степен на корупција од земјите на Балканот има во Србија, каде дури 84 отсто од граѓаните одговориле дека нивните политичари и државната бирократија се длабоко корумпирани. Следи Албанија со 82 отсто, па Словенија со 76, Бугарија со 75, Хрватска со 74 отсто, и на крајот со најмалку корупција се Македонија и Црна Гора со 67, односно 50 отсто. Но, како најлошо рангирана е всушност Босна и Херцеговина, која поради големата корумпираност е на листата со африканските земји, односно во самиот светски врв. На листата каде е БиХ, лидер е Танзанија, со 95 отсто, па следат Кенија со 93, Грција со 92, Нигерија и Уганда со 91, Косово со 90 и Босна и Херцеговина со 89 отсто. Од останатите земји околу Балканскиот полуостров, висок степен на корупција е нотиран во Романија, каде 80 отсто од граѓаните тврдат дека нивните политичари се корумпирани, па следуваат Унгарија со 79 отсто, Словачка со 71, и Турција со 53 отсто. Како најмалку корумпирани земји се рангирани Шведска со 14 отсто, Данска со 15 отсто и Швајцарија со 23 отсто. Резултатите од истражувањето на „Брима Галуп“ за распространетост на корупцијата во политиката и во државната администрација во светот биле направени на основа на спроведени интервјуа со околу 1.000 испитаници од секоја земја. Анкетата била направена во текот на 2012 година, а опфатила вкупно 129 земји во светот.
Слично

Поврзани вести