ПОЛИТИЧАРИ: Кој каде на одмор?
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не е уплашен од случувањата во Турција, ниту пак од можни терористички напади во оваа земја. Тој својот одмор заедно со семејството ќе го мине во Анталија.
Ова не е прв пат Груевски да се наоѓа во посета на Турција, каде и досега беше на покана на лидерот Ердоган.
Од партијата не соопштуваат колку време Груевски ќе мине во Турција, иако ова не е негов прв одмор годинава, откако претходно престојуваше и во Италија. Од паритајата соопштија дека бил на свадба, дури откако медиумите објавија негови фотографии,
Лидерот на опозицијата Заев веќе бил в Грција, а неговиот престој, како пто велат на Бихаќка, не бил повеќе од неколку дена. Од партијата соопштија дека со тоа завршил неговиот летен одмор.
Од другите лидери, се знае дека Ахмети воопшто нема да оди никаде на одмор.
Претседателот Иванов со сопругата ќе биде во Охрид, а премиерот Димитриев во Црна Гора.
Традиционално министерот за здравство Тодоров, беше и поминува дел од викендите во Грција.
Слично
