Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полициски кордони и турканици – спречен протестот на новинарите

Полициски кордони и турканици – спречен протестот на новинарите
Огромен кордон од полицајци денеска го спречија мирниот протест на новинарите пред Музејот на револуционерната борба на левата страна на Вардар, кој беше најавен како знак на револт поради пресудата на новинарот од Нова Македонија, Томислав Кежаровски и загрозената медиумска слобода во Македонија. Голема гужва се створи кога новинарите се доближија до полицијата, а оттаму со штитовите беа туркани за се врата назад и да се оддалечат од влезот на Музејот на борбата, на празникот кога во државата се одлележува денот на македонската револуционерна борба. Протестот беше поддржан од Здружението на новинари на Македонија, од Самостојниот сндикатот на новинари и медиумски работници, но не и од новоформираната Македонска асоцијација на новинари. Новинарот Кежаровски е осуден на 4 и пол години затвор, поради текст во кој се обвинува дека открил идентитет на заштитен сведок. На оваа пресуда стигнаа бројни ракции на осуда од земјава и од светот.  
Слично

Поврзани вести