ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Се апси во Куманово!
Шверц на дрога и оружје, перење пари, лихварство - најмалку 10 лица се приведени утрово во голема полициска акција во Куманово и околината. Полицијата се уште врши претреси.
Првоосомничениот во оваа полициска акција во обид да избега се качил на покрив на една куќа и подолго време одбивал да се предаде.
Според првичните информации, криминалната група дејствувала од 2004 година, а најверојатно по апсењето на Бајруш Сејдиу во полициската акција „Пепел“, ја презела „неговата дејност“.
Повеќе информации полицијата најави во текот на денот.
Слично
