Полицијата во магацин во Тирана најде арсенал оружје
Полицијата во aлбанскиот главен град Тирана заплени арсенал оружје.
Најдено е во населбата Иршек во магацин.
„При контролата извршена во гаражата сопственост на Кујтим Чауши (62) полициските служби пронајдоа и како материјални докази одзедоа автоматска пушка, снајпер со двоглед, два митралеза, два придушувачи, две светлосни противтенковски гранати, 9 гранати од различен тип, како и значителна количина воена муниција. Уапсен е Кујтим Чауш, а по неговиот син Ерлинд Џауши(35), се трага. Се работи на идентификување и на други лица инволвирани во оваа криминална активност“, стои во полициското соопштение.
Запленети се и три возила од кои едното блиндирано, исто толку мотоцикли без регистарски таблички, еден пловен објект, 4 албански и странски регистарски таблички за возила, две полициски униформи и една перика.
