Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата влезе во паркот Гези, синоќа гореше во Турција

Полицијата влезе во паркот Гези, синоќа гореше во Турција
Турските безбедносни сили синоќа го нападнаа плоштадот „Таксим" каде што беа собраните многу антивладини демонстранти. Шаторите во паркот Гези, од каде што започна и народното незадоволство беа срамнети со земја за неколку минути, пренесоа светските медиуми. Околу 21 часот полицијата ги нападна демонстрантите со солзавец и водени топови. Десетици оклопни возила навлегоа на плоштадот и се движеа против луѓето. Потоа полицијата влезе во паркот Гези, каде што беа распоредени шаторите на демонстрантите и ги уништи, со што и буквално го снема кампот во 18-тиот ден на протестите. Тоа беше изненадување бидејќи Владата вети дека нема да се допира ниту  паркот ниту демонстрантите таму. Плоштадот „Таксим" личeеше на бојно поле. Полицијата ги запалија шаторите, а од димот и испарување наоколу не се гледаше ништо, сведочат демонстрантите. Од полицијата не беше најавено ниту да дојдат лекарите во паркот Гези, за да им помогнат на настраданите. Следеа жестоки судири на полицијата со демонстрантите. Судирите подоцна се префрлија на улиците на метрополата. Хотелот „Диван" стана воена болница, каде што лекарите доброволци им дава прва помош на настраданите. Судирите продолжија по централните улици на метрополата, беа зафатени и соседните населби. Гувернерот на Истанбул, Хусеин Авни Мутлу изјави дека се повредени 44 лица, но според неофицијални извори настрадани има многу повеќе. Гувернерот ги опразда упадите на полицијата, велејќи дека таа го нападнала паркот Гези, бидејќи таму имало собрано непријателски групи. Според владиниот портпарол Хусеин Челик демонстрантите ветија дека ќе го испразнат паркот, но не го направиле тоа, поради што премиерот Ердоган се морал да реагира. Група демонстранти тргна кон плоштадот „Таксим", за да ги поддржи демонстрантите на плоштадот, но полицијата подигна барикада на мостот над Босфор и не ги пушти да поминат. Демонстрантите останаа далеки од Гези извикувајќи антивладини слогани. Протести имаше и во Анкара, каде што полицијата со оклопни возила се фрли против луѓето, неколку демонстранти легнаа пред автомобилите. Степенот на тензија е страшен. Во меѓувреме едно од највлијателните синдикални здруженија на Турција - Конфедерацијата на синдикатите на државните службеници, вети дека ќе почне штрајк во понеделник во знак на солидарност со демонстрантите, чиј камп беше растурен. „Ние решивме да свикаме штрајк во случај ако полицијата влезе во паркот", изјави уште во саботата претставник на синдикатот, кој обединува 240 000 работници од 11 различни синдикати во земјата. Десетици илјади луѓе во цела Турција продолжуваат со протестните акции. Само во Истанбул кон централниот плоштад „Таксим" од различни делови на градот се очекува да се стигнат речиси 100 000 луѓе.
Слично

Поврзани вести