Полицијата уапси 11 демонстранти во Салвадор
Бразилската полиција уапси 11 демонстранти, кои во Салвадор протестираа против одржувањето на Светското првенство во Бразил.
Малиот протест собра околу 100 демонстранти во очи на натпреварот во кој Холандија со 5:1 го победи актуелниот првак на светот Шпанија.
Тие се обидоа да влезат во посебен дел за навивачи, но полицијата употреби шок бомби и солзавец и го спречила маршот.
Неколку автомобили и прозори на околните згради се оштетени, се наведува во соопштението на бразилската полиција.
Првенството започна на 12 јуни а ќе трае се 13 јули.
Слично
