Полицијата синоќа ги привела паркобраните пред Бристол
Полициски единици синоќа, во два часот по полноќ, ги отстраниле паркобраните од пред Бристол, и уапсиле десетмина млади, информира порталот А1 он.
Паркобраните веќе подолго време престојуваа во паркот во знак на револт поради сечата на дрвјата и во обид да спречат натамошно деградирање на просторот со изградба на уште една административна зграда.
Cпоред информациите на порталот, десетмината млади биле уапсени од специјалните единици на „Алфи„, кои со возила ги однеле во полициската станица. Меѓу приведените бил и Саша Богдановиќ, директор на „Паркинзи – Центар“.
Како што пишува А1 он, на лице место пристигнале стотина припадници на специјалните единици, кои почнале да ги уништуваат и да ги отстрануваат поставените шатори. Во исто време, се оградувал и просторот каде власта има предвидено да се гради обејктот на Советот за радиодифузија во барок стил.
Полициски сили освен пред Бристол, биле распоредени и по другите улици низ центарот на Скопје, како и од сите страни на Републичкото собрание.
Слично
