Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата ја скрши вратата и наиде на страшна сцена: Во стан во Нови Сад е пронајдено тело на девоjкa, сe трага по нејзината сестра

Полицијата ја скрши вратата и наиде на страшна сцена: Во стан во Нови Сад е пронајдено тело на девоjкa, сe трага по нејзината сестра

Безживотното тело на 31-годишна девојка од Нови Сад е пронајдено синоќа во стан во улицата „Шафарикова“, додека по нејзината 29-годишна сестра сè уште се трага, дознава српски „Блиц“.

Изворот на овој медиум близок до истрагата, посочува дека нивниот брат повикал полиција и пријавил дека не се слушнал со сестрите од 14 февруари.

- Тој се плашеше дека нешто не се случило, бидејќи една од нив порано се заканила дека ќе изврши самоубиство. Поради основано сомнение дека нешто навистина се случило, полицијата отишла на адресата и упаднала во станот каде го пронашла телото на девојката за која се претпоставува дека е една од сестрите, вели извор за „Блиц“

Идентитетот на девојката чие тело е пронајдено во станот сè уште не е утврден, а телото е испратено на обдукција.

- Информирано е надлежното јавно обвинителство, кое ќе одлучи дали има елементи на кривично дело по завршувањето на истрагата, како и врз основа на добиените резултати од обдукцијата - додава изворот на „Блиц“.

FOTO: NENAD MIHAJLOVIĆ / RAS SRBIJA

Слично

Поврзани вести