ПОЛИЦИЈАТА И НАТАМУ БАРА: Има локации околу Злот кои се совршено познати само на двајцата уапсени
Има локации околу селото Злот се совршено познати само на двајцата осомничени за убиството на Данка Илиќ од Бор.
Во округот Бор и денеска, деветти ден од апсењето на осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ, потрагата по телото продолжува на терен, а се работи и на коритото на реката Злоцка, од Злот до Шумраковац.
Причината поради која се проверуваат цистерните и акумулациите е тоа што и двајцата осомничени за убиството на малата Данка работеле во ПУК „Водовод“ и многу добро го знаат распоредот на тие акумулации. Тие поради нивната работа редовно ги посетувале и ги знаат сите скриени места и затоа потрагата сега е насочена кон тоа.
Мајката на еден од уапсените вели дека нејзиниот син го наместиле и не верува дека го убил детето.
