Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: Хрват намерно предизвикал 25 пожари

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: Хрват намерно предизвикал 25 пожари

На Истра полицијата уапси 44-годишен маж осомничен дека минатата година со запалка намерно подметнал  25 пожари. 

Со тоа сторил кривично дело доведување во опасност на животот и имотот со опасно орудие или средство.

Осомничениот од февруари до 9 август предизвикал 25 пожари со палење на трева, при што огнот се ширел поради временските услови.

Само во еден пожар изгореле околу 1,5 хектар нискостеблеста шума и 45 маслинови дрвца.

Полицијата соопшти дека ќе ја продолжи истрагата за да утврди дали истиот маж предизвикал и други пожари лани во реонот од Бује до Умаг.

Слично

Поврзани вести