Полицијата го најде и четвртиот „пиштолџија“ од Кондово
МВР го уапси четвртиот учесник во оружениот инцидент во Кондово, во кој во меѓусебна престрелка беа повредени четворица активисти на ДУИ. Станува збор за Кенан Незири, брат на Ќани Назири, припадникот на МВР за кој вчера беше потврдено дека пукал со службеното оружје.
Полицијата најавува дека со повеќе информации ќе излезе во текот на денешниот ден.
Четирите хоспитализирани лица во инцидентот, од кои две со потешки повреди, се во стабилна состојба, потврдуваат здравствените власти. Полицијата се уште не ги расветлила мотивите за оружениот инцидент и не поднела кривични пријави против учесниците.
Во престрелката учествувал и припадник на професионалната војска на АРМ, но нема информации дали и тој притоа користел службено оружје во инцидентот.
Слично
