Полицијата го фати осомничениот за трикратно убиство во Кавадарци
Тони Станоев, осомничен за трикратното убиство на семејството на неговата поранешна сопруга во Кавадарци, е уапсен утрово, потврди МВР.
Осомничениот бил уапсен на гробиштата во Кавадарци, а со себе носел и пиштол со два куршума. Заради ова полицијата се сомнева дека тој ја чекал неговата поранешна сопруга да дојде на погребот на нејзините родители и сестрата за и нејзе да ја убие.
„МВР со целиот свој капацитет преземаше мерки и активности за лоцирање и приведување на сторителот и наоѓање на оружјето. Утрово сторителот е приведен и оружјето е обезбедено, а понатаму продолжува постапката по однос на целосно завршување на сите истражни дејствија поврзани со ова убиство“, вели министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Во неделата Тони ги убил таткото, мајката и сестрата на неговата сопруга со која тукушто ја завршил бракоразводната парница. Потоа веднаш побегнал. Полицијата трагаше по него три дена.
УБИСТВО ВО КАВАДАРЦИ: Кога институциите „затајуваат”, насилниците се ставаат над законите!
Слично
