Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицаецот на домашно лекување, МВР ги бара сторителите

Полицаецот на домашно лекување, МВР ги бара сторителите
Полицијата трага по сторителите и ги утврдува мотивите за вчерашниот оружен напад врз полицаец кај трговскиот центар „Мавровка“. Во полицискиот билтен се наведува дека инцидентот се случил синоќа околу 23,10 часот на улица „Стив Наумов“ во Скопје, кога на паркинг просторот две непознати лица со огнено оружје пукале во полициски службеник кој во моментот на настанот не бил на работа ниту пак во полициска униформа. „Повредениот се здобил со прострелна рака во пределот на левото рамо, по укажана лекарска помош во Ургентен Центар Скопје истиот е пуштен на домашно лекување. На местото на настанот извршен е увид при што е пронајдена една чаура која е подигната за вештачење“, стои во официјалната информација од МВР.  
Слично

Поврзани вести