Полицаец повреден во престрелка кај „Мавровка“
Полицаец кој не бил на должност е повреден од истрел од огнено оружје кај трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје. Тој се наоѓа надвор од животна опасност и има прострелна рана во рамото.
Во моментот на инцидентот не носел службена униформа, туку приватно тргнал кон Старата скопска чаршија, информираат од СВР-Скопје.
Причините за инцидентот се уште се расветлуваат. Полицаецот го нападнале две лица на улицата „Стив Наумов“, помеѓу ТЦ „Мавровка“ и плоштадот „Скендербег“.
Лицата веднаш по инцидентот се дале во бегство. Полицијата најавува повеќе информации во текот на денешниот ден.
Слично
