Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛЕСНО ДО РАБОТА: Светски менаџер открива како најбрзо да се вработите

ПОЛЕСНО ДО РАБОТА: Светски менаџер открива како најбрзо да се вработите

Ласко Бок е потпретседателот на човечки ресурси во „Гугл” , кој секоја недела вработува и по 100 луѓе. Во интервју за New York Times тој ги дава клучните совети за како најдобро да се претставите за време на работното интервју и да оставите добар впечаток.

Бок вели дека една од клучните работи е да се претставите себе си преку спрецифични вештини и особини и да и покажете на компанијата на кој начин таа ќе има корист од нив.

lazslo-bok-300x300

„Многу луѓе за време на разговорот  не се изразуваат на најдобар начин кога треба да објаснат како и зошто нешто направиле, дури и кога имаат добра приказна, не знаат да го објаснат својот процес на мислење“, вели Бок.

Тој советува да раскажувате приказни за вашите претходни искуства, а не само да ги наброите фактите.

„Доколку на претходните работни места сте успеале да внесете новина, освен што ќе кажете што сте направиле и како тоа сте го направиле, објаснете и зошто сте се одлучиле за тоа”- вели Бок.

Уште еден од значајните совети кој тој го споделува, е во однос на пишувањето на кратката  биографија или мотивационото писмо. Бок вели дека кога се пишува за себе, треба да ги нагласете вештините на тој начин што ќе се споредете со другите од вашата индустрија.

Слично

Поврзани вести