Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛЕСНО ДО РАБОТА: Што значи отворањето на вратите во Германија за Балкаците

ПОЛЕСНО ДО РАБОТА: Што значи отворањето на вратите во Германија за Балкаците

Новиот германски закон за доселување на квалификувана работна сила, односно вработување на граѓан од државите кои не се во ЕУ, донесува неколку значајни промени.

Тие промени на Македонците би можеле да им го олеснат наоѓањето на работа во најсилната европска економија. Како што се наведува на сајтот на германската влада, изразот „квалификуван работни“ ќе се користи и за работници со висока стручна спрема и за работници со ниски стручни квалификации, што на овие вторите ќе им се олесни патот до работата.

Новина е тоа што работниците во иднина ќе може да дојдат во Германија и пред да најдат работа, како што беше тоа досега случај со високообразовна работна сила, пишува германски „Велт“.

Новиот закон имовозможува на работниците кои можат да докажат дека имаат средства да се издржуваат шест месеци и основно знаење на германски, да добијат дозвола за престој, а работата би требало да пронајдат во текот на тие шест месеци за да би им биде продолжена дозволата.

Со новиот закон исто така се дефинира дека во одредени околности работникот може да ја докаже струичната спрема стекната во земјата од каде доаѓа по доаѓањето во Германија, што значи дека квалификувани странци може да влезат во земјата, може дури и да почнат да работат, додека трае постапката за признавање на нивни дипломи и квалификации.

За целата имиграциска политика на Германија читајте детално овде.

Слично

Поврзани вести