Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полесно до работа преку стекнување на нови вештини!

Полесно до работа преку стекнување на нови вештини!
Покрај знаењето стекнато низ формалниот образовен процес, неопходно е понатамошно надоградување на тоа знаење, како во текот на образованието, така и подоцна во текот на кариерата на секој човек. Стекнатите знаења и вештини од посетуваните курсеви, обуки и школи им се потребни, не само на оние кои бараат работа, туку и на веќе вработените. Учењето и усовршувањето е процес кој се одвива во текот на целиот живот. Секоја новостекната вештина или знаење е можност за напредок во кариерата, за поголем професионал успех, но и услов да се опстане и да се успее во современиот свет, во кој што секојдневно се развиваат и унапредуваат техниката, технологијата и научните знаења. Нова Консалтинг и Едукација нуди ОБУКА - ПРАКТИЧНИ ВЕШТИНИ ВО СОЗДАВАЊЕ НА ОБЈЕКТИВНИ ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ (СМЕТКОВОДСТВОТО,  ДАНОЦИ И КОНТРОЛА  НА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ). Нова Консалтинг и Едукација е компанија која врши консултантски активности, едукација на човекови ресурси, изработува тренинг, обуки, семинари и работилници, соработува со повеќе компании од Македонија како и со други странски организации. Целта на компанијата е да воспостави нови стандарди во процесот на едукацијата и унапредувањето на знаењата и вештините на човековите ресурси, а нејзината мисија е да биде една од водечките компании во таа област. НАЧИН НА РАБОТА НА ЦЕНТАРОТ ЗА ЕДУКАЦИЈА              Обуката е поделена во два модула: Модул 1 - Практично запознавање со законите за ДДВ, ДД и ПДД Модул 2 - Изработка на финансиски извештаи за две пилот компании: -              Евидентирање на сметководствени настани на две пилот компании (градежна/производна) -              Пресметки поврзани со евидентирани настани (амортизација, отпис на ситен инвентар, даноци и -              придонеси од плата) -              Контрола на салдата на сметките и логичка контрола на процедури на евидентирање -              Изготвување на финансиски извештаи (завршна сметка) за две пилот компании -              Изготвување на даночен биланс за данок на добивка              Работа во мали групи, што гарантира висока интерактивност.              Фреквенцијата на одржување на обуката е секоја сабота во траење од два месеци.              Специфика на Центарот за обука е тоа што не постојат PowerPoint слајдови, туку тренерот активно пишува, визуелизира, објаснува при што несебично го пренесува своето знаење и богато искуство. Овој метод се покажа како најдобар начин за пренесување на знаењето.              Секој учесник работи самостојно, и има можнот сам да ги  изготвува и контролира финансиски извештаи со користење на софтвер снимен на USB и користење на Excel алатка. IMG_6226-Edit УЧЕСНИЦИ НА ОБУКАТА Учесници на обуката може да бидат заинтересирани лица кои поседуваат основни практични вештини во водење на сметководство што сакаат да се стекнат со практични вештини во областа на сметководството, даноци, анализи, пресметки, контрола на работењето и логичко расудување, а не само евидентирање на сметководтсвени настани. Учеснисите ќе се стекнат со Сертификат за стекнати практични вештини за водење на сметководсtво, контрола на финансиски извештаи и примена на даночна регулатива. ПРЕДАВАЧ е Кристина Тилиќ е еден од најискусните професионални тренери во Македонија од областа на сметководство, финансии и контролинг, со повеќе од 20 годишно искуство како тренер и над 200 одржани двомесечни обуки. Таа има повеќе од 22 години искуство во областа на финансиите, контролингот и менаџментот, работејќи како програмер, раководител на сметководствено одделение, контролор, менаџер на контролинг, финансиски менаџер и извршен директор. Има развиено 4 различни тренинзи од областа на сметководство, финансиите и контролинг. IMG_5851-Edit Бидете учесник на најпосетуваната обука во Македонија во организација на Центарот за обука:  Нова консалтинг и едукација. Досега 2000 задоволни учесници, 20 годишно искуство во едукација на вработени во финансовиот сектор, современо опремени простории, тестови, проекти, прирачници, софтвер.  
Слично

Поврзани вести