Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пола Македонија снабдувале со шверцуван текстил

Пола Македонија снабдувале со шверцуван текстил
Вкупно 13 лица се уапсени во полициската акција за спречување на шверц на трговска стока преку Граничниот премин Ново Село, во близина на Струмица, информираше полицијата. Во акцијата биле уапсени шестмина царински службеници, нивниот шеф на ГП Ново Село и шестмина граѓани, а биле запленети и осум автомобили со кои се шверцувала стоката преку граничниот премин. МВР сега ја спроведува втората фаза од операцијата за да открие до кои се продавници и бутици стигнала нецаринетата стока. Претреси и проверки се прават низ дуќани во повеќе различни градови, кои се снабдувале преку оваа криминална мрежа. Според првичните сознанија, шверцуваната стока, претежно текстил, се продавала на повеќе локации во Струмица, Скопје, Прилеп, Куманово, Василево, Виница, Тетово и Штип. Нарачателите купувале стока од Бугарија и Грција, а превозници ја преземале и ја пренесувале преку граничниот премин Ново Село секогаш кога на работа бил некој од уапсените царински службеници. Цариниците не вршеле преглед на возилата и стоката поминувала без потребните царински давачки, се сомневаат од МВР. Нарачателите им плаќале на транспортерите, а пак тие дел од парите им давале на цариниците за да ја пропуштат стоката.  
Слично

Поврзани вести