Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОКРИВОТ НАД ГЛАВА СТАНУВА СЕ ПОСКАП, растат цените на кириите и на домовите и во ЕУ и во Македонија

ПОКРИВОТ НАД ГЛАВА СТАНУВА СЕ ПОСКАП, растат цените на кириите и на домовите и во ЕУ и во Македонија

Жителите на Европската унија мора да одвојот поголема сума на пари за покрив над главите во споредба со претходниот квартал, но поскапувањето е поголемо во споредба со претходната година. Ова го покажуваат податоците на „Евростат“, кој објави дека е забележан раст на цените и на кириите и на домовите - куќи и станови. 

Во последниот извештај на европскиот статистички центар се посочува дека кириите со последното поскапување се зголемиле за 18 проценти, додека цените на домовите за рекордни 48 отсто во споредба со 2010 година. 

- Кириите и цените на куќите во ЕУ го продолжија својот постојан пораст во вториот квартал од 2022 година, зголемувајќи се за 1,7 отсто и 9,9 проценти, соодветно, во споредба со вториот квартал од 2021 година - се појаснува во извештајот за кириите и цените на домовите кој го објави „Евростат“.

Во него е напоменато дека цените на куќите и кириите во ЕУ следеа слична патека помеѓу 2010 година и вториот квартал од 2011 година. Но, по овој квартал, цените на куќите и закупнините еволуираа поинаку. Додека кириите постојано се зголемуваа во текот на овој период до вториот квартал од 2022 година, цените на куќите значително флуктуираа.

- По остриот пад помеѓу вториот квартал од 2011 година и првиот квартал од 2013 година, цените на куќите останаа повеќе или помалку стабилни помеѓу 2013 и 2014 година. По брзиот пораст на почетокот на 2015 година, цените на куќите се зголемија побрзо од кириите. Од 2010 година до вториот квартал од 2022 година, кириите се зголемени за 18 отсто, а цените на куќите за 48 проценти - потенцираат од „Евростат“.

Цените на куќите се зголемени повеќе од двојно во Естонија, Унгарија, Луксембург, Латвија, Литванија, Чешка и Австрија.

Кога ќе се спореди вториот квартал од 2022 година со 2010 година, цените на куќите се зголемија повеќе од кириите во 19 земји-членки на ЕУ.

Имено, во споменатиот период цените на куќите се зголемиле во 24 земји-членки на ЕУ и се намалиле во три. Бројките велат дека цените на кириите и домовите се зголемиле двојно во Естонија (+196 отс%), Унгарија (+168 проценти), Луксембург (+135 отсто), Латвија (+131 проценти), Литванија и Чешка (и двете +130 отсто) и Австрија (+121процент). Од друга страна намалувања на цените биле забележани во Грција (-23 отсто), Италија (-8 проценти) и Кипар (-6 отсто).

- Кога ќе се спореди вториот квартал од 2022 година со 2010 година за кирии, цените се зголемија во 25 земји-членки на ЕУ и се намалија во две, со најголем пораст во Естонија (+214), Литванија (+139) и Ирска (+82 проценти). Намалување е забележано во Грција (-24) и Кипар (-0,2 отсто).

МАКЕДОНИЈА ПОЕВТИНА, НО ГО СЛЕДИ ТРЕНДОТ НА ПОСКАПУВАЊЕ 

Растот на цените на недвижнините во последниве месеци експлодираше. За само една година во земјва цените на станбените единици се зголемила за рекордни 21,2 проценти. 

Инволвираните велат дека растот на цените не ги изненадува, и потенцираат дека и понатаму има голем интерес за купување станови. 

- Податоците кои ги објави Народна Банка дефинитивно се загрижувачки, но сепак се реалната слика на пазарот на недвижности. Наглото зголемување на цените на становите започна на крајот на првиот квартал од тековната година и тој тренд траеше се до почетокот на третиот квартал. По ова, во претходните два месеци имавме стабилизација бидејќи цените го достигнаа својот максимум и сметам дека во наредниот период нема да има големи осцилации - вели генералниот менаџер на агенциајта за недвижнини „Левел 7“, Игор Панчевски. 

Ако се направи споредба со пред десет години и денеска, разликата меѓу тогашни цените на недвижностите и денешните е многу голема. Колку за потесетување, пред 10-тина години цените на недвижностите во Скопје се движеа околу 750-850 евра, некаде поскапо некаде поевтино зависно од реонот.  

Денеска цените на становите во главниот град почнуваат од 1.000 евра па нагоре. Во Скопје, каде се и најбарани и најмногу се тргува со недвижнини центие во централното подрачје како Центар, Водно, Капиштец и Дебар мало се движат од 1.600 евра за метар квадратен до 1.800 евра. 

Голем интерес има и за Карпош 1 и Тафталиџе 1 со цени од 1400-1600 евра за метар квадратен, потоа Аеродром од 1200 - 1500 евра, па Кисела Вода 1200-1400 евра, Ново Лисиче, Влае, Хром и Ѓорче Петров со цени од 1150 -1350 евра.

П.О.

Слично

Поврзани вести