Покрената постапка за прислушкуваните разговори
За досегашните поднесени кривични пријави од СДСМ Основното јавно обвинителство - Скопје распореди 17 јавни обвинители во врска со објавените наводи од наводно прислушкуваните разговори и соопшти дека е покрената постапка.
„Сите пријави се дадени во работа. По дел од истите досега се преземени определени дејствија, а во тек е преземањето и на други активности согласно Законот за кривична постапка, Кривичниот законик и внатрешните правила за работење на јавното обвинителство“, информираат од ЈО.
Од обвинителство посчија дека како и по сите други кривични пријави и настани без оглед на тоа кој е подносител и кој е пријавен, надлежните јавни обвинители на ист начин постапуваат и по наведените предмети.
Слично
