Пократка работна недела – четврток е неработен ден
Четврток, 23 октомври - Денот на Македонската револуционерна борба, е неработен за сите граѓани на Република Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им го честита Денот на Македонската револуционерна борба.
До крајот на годината, за сите граѓани неработен е уште 8 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”.
За граѓаните од католичка вероисповед неработни се: 01 ноември (сабота), Празникот на сите светци и 25 декември (четврток), првиот ден на Божик
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ, не се работи на 22 ноември (сабота), Ден на Албанската азбука.
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ, пак, неработен е 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик.
Слично
