Економија, финансии, бизнис

Контакт

Покраина со 18 милиони жители лани не донирала ниту цент

Покраина со 18 милиони жители лани не донирала ниту цент

Повикот на властите на германската сојузна држава Северна Рајна Вестфалија доживеа целосен неуспех. На прашање во државниот парламент во Диселдорф, портпаролот на сојузниот министер за финансии изјави дека во 2015 година, кога е упатен повикот за помош за излез од големите долгови се уплатени само 2 цента.

Во 2016 сумата се зголемила на 3.500 евра, а во 2017 изнесувала 2.000 евра. Во 2018 немало ниту цент донација, а нема ниту до денеска во тековната година.

Потенцијалните донатори, донација може да извршат на која било државна сметка, само со назнака дека станува збор за донација. Тој се надева на поголем ентузијазам кај своите сограѓани.

Во Северна Рајна Вестфалија живеат над 18 милиони жители.

Слично

Поврзани вести