Економија, финансии, бизнис

Контакт

Покачувањето на „минималецот“ влегува во процедура

Покачувањето на „минималецот“ влегува во процедура
За седум дена измените во Законот за минимална плата ќе се најдат пред Економско-социјалниот совет, најави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Тој им најави на работодавачите цврсти контроли за да се обезбеди Законот за минимална плата да се почитува доследно. „Целиот процес на зголемување на минималната плата се состои во тригодишна динамика, односно покачувањето ќе се реализира започнувајќи од март 2014 година, а ќе заврши во март 2016 година со што минималната плата ќе се зголеми и ќе изнесува 10.080 денари. Од март 2014 година, минималната плата ќе се покачи од сегашните 8.050 денари на 8.800 денари месечно, од март 2015-та минималната плата ќе изнесува 9.590 денари и од март 2016-та 10.080 денари со што работодавачите  ќе бидат обврзани да ја зголемат минималната плата, за што  ќе следат контроли бидејќи ќе бидеме цврсто посветени овој Закон да се применува целосно“, појасни министерот Спасов.

Во кожарската и текстилната индустрија се предвидува до 2016 година минималната плата да изнесува 9.000 денари и за нив ќе има уште две години прилагодување така што во 2018 година овие дејности ќе се изедначат до останатите плати.

Синдикатите се задоволни од сетот мерки што вчера ги најави Владата затоа што со нив ќе се подобри економско-социјалната положба на работниците. Сепак, податоците на синдикатот покажуваат оти речиси 20% од работодавачите не ја исплаќаат ниту оваа минимална плата од осум илјади денари. Досега, според анализите од Министерството за труд и социјална политика, не е констатирано непочитување на исплатата на минималната плата. Донесени се 1.185 решенија само за ненавремената исплата на платата.
Слично

Поврзани вести