Покачување на платите бараат професионалните војници и синдикатите на вработените во МО
Професионалните војници и синдикатите на вработените во Министерството за одбрана бараат поголеми плати.
Тие до Собранието доставиле барање со кое бараат во новиот ребаланс на буџетот да бидат предвидени дополнителни 3 милиони евра за платите во одбраната и професионалните војници. Бараат поддршка од пратениците, за да се реализира нивното барање и платите на одбраната и професионалните војници да се изедначат со оние на вработените во мвр и царина. Тие досега протестираа, но без успех и ако и овојпат нивните барања останат неисполнети, најавија дека ќе штрајкуваат.
Во мај годинава тие побараа зголемување на платите за 20 проценти и изедначување на дневниците со оние на полициските службеници. Сепак, надлежните немаа слух за нивните барања.
Слично
