Економија, финансии, бизнис

Контакт

Појаснување на Комерцијална банка АД Скопје: Редовно и навреме ги плаќаме сметките

Појаснување на Комерцијална банка АД Скопје: Редовно и навреме ги плаќаме сметките

Во поголем број медиуми вчера и денес беше пренесена информација преземена од извештајот за 2013 година на ЈП „Водовод и Канализација„ каде се наведува дека покрај останатите и Комерцијална банка АД Скопје е должник со сума од 74.000 евра, за нередовно плаќање на услугите за вода.

Заради објективно и вистинито информирање на јавноста сакаме да појасниме дека Комерцијална банка АД Скопје, сите сметки за комунални услуги, вклучувајќи ги и сметките за вода ги плаќа редовно и навреме.

Долгот од 74.000 евра што е наведен во извештајот на ЈП „Водовод и Канализација„  се однесува на потрошена вода во објектот „Македонија табак“, во периодот кога истиот од страна на Комерцијална банка беше даден под закуп на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство. Согласно склучениот договор за закуп, Министерството за земјоделие превзема обврски сметките за вода и останати комунални услуги  да ги плаќа директно на надлежните јавни претпријатија. Споменатиот долг претставува дел од оваа обврска.

Согласно наведените информации, ја известуваме јавноста и уште еднаш потенцираме дека Комерцијална банка АД Скопје, сите сметки за комунални услуги, вклучувајќи ги и сметките за вода ги плаќа редовно и навреме.

Слично

Поврзани вести