Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Појадокот на мост“ заврши, граѓани и без билет сакаа да влезат

„Појадокот на мост“ заврши, граѓани и без билет сакаа да влезат
Традиционалната манифестација „Појадок на мост“ по петти пат се одржа на Камениот мост и на Мостот „Око“ во центарот на Скопје. Заедно со граѓаните појадуваше и скопскиот градоначалник Коце Трајановски, но и неколкумина министри и функционери. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, заменик – министерот за образование Спиро Ристовски и градоначалничката на општина Кисела Вода Билјана Беличанец се најдоа меѓу граѓаните на бесплатен појадок утрово. „Драго ми е што секоја година луѓето се сè по заинтересирани да дојдат овде, пред се да се дружат, да раговараат и да разменуваат мислења, и тоа од сите делови на Скопје, од сите општини и од сите националности. Мостовите како симбол на зближување и на овој настан го покажаа своето значење“, рече Трајановски. Тој додава дека годинава имало толку многу донатори, што било тешко да се спакува целата храна. Повеќе граѓани се обидоа да влезат на манифестацијата иако не успеале навреме да извадат бесплатен билет. Сепак не им беше дозволено, а мостовите беа затворени само за оние што успеале да си обезбедат билет од 6 до 11 септември. Граѓаните ги служеа учениците од Средното Угостителско училиште „Лазар Танев“ oд Скопје. Подготвените ланч-пакети дел од граѓаните си ги однесоа дома.
Слично

Поврзани вести