„Појадок на Мост“ на 14 септември
Традиционалната манифестација „Појадок на Мост“ годинава ќе се одржи на 14 септември, објави градоначалникот Коце Трајановски. Вкупно 2.700 бесплатни билети ќе добијат граѓаните кои ќе се пријават, а уште 1.200 ќе им бидат поделени на странци кои се наоѓаат во Скопје.
„Посетителите кои сакаат да учествуваат на појадокот, ќе можат да ги подигнат билетите од пунктот што ќе биде поставен пред ресторанот „Пелистер“ од 6 до 11 септември. Билетот ќе биде бесплатен“, рече Трајановски.
Манифестацијата се организира по петти пат. Посетителите ќе појадуваат на Камени мост и Мостот „Око“, а ќе ги забавуваат улични музичари. Во организацијата ќе помогнат и учениците од средното угостителско училиште „Лазар Таневски“.
Појадокот на мост го чини градот 600.000 денари, а дополнителни средства се обезбедени од донатори.
Слично
