Погребано семејството што загина во авионската несреќа на Јакупица
Десетици роднини, пријатели и соученици денеска оддадоа последен поздрав на загинатото бугарско семејство, чиј спортски авион „цесна“ се сруши на планината Јакупица на пат од Охрид до Софија на 2 април летајќи во отежнати временски услови.
Пред закопот остатоците од телата на 47-годишниот бизнисмен Георги Бошнаков, сопругата Калина и ќерките Гергана и Билјана беа во капелата на храмот Св.Георги Победоносец во Софија.
Се очекува тимот составен од обвинители и експерти за еден месец да донесе заклучок која била причината за падот на „цесната“.
Слично
