Економија, финансии, бизнис

Контакт

Погоните и магацините во зоната „Визбегово“ свртеле стотици милиони евра, но Владата им прифатила само едно барање

Погоните и магацините во зоната „Визбегово“ свртеле стотици милиони евра, но Владата им прифатила само едно барање

Бизнисмените од индустриската зона во Визбегово крај Скопје бараат од Владата еднаков третман со странските инвеститори и почесто да им излегива во пресрет на нивните барања.

За време од една и пол година колку што трае досегашниот мандат на новата власт преку Стопанската комора на Северозападна Македонија сопствениците на погоните и магацинските плацови од Качанички пат до Владата испратиле 54 барања за подобрување на работните услови. Од нив само еден е имплементиран, додека три се во процес.

Бизнисмените признаваат дека комуникацијата со владата на почетокот на мандатот била многу подобра отколку во последниот период. Бараат креаторите на политиката да имаат посериозен пристап и она што тие ветија дека ќе го постигнат да го исполнат во догледно време.

Во економската зона на Визбегово има околу 300 компании кои вработуваат околу 3 илјади луѓе. Учеството на овие компании во националниот БДП е 3,4%, од кои повеќето се занимаваат со трговијата на големо и мало, а неколку од нив со преработувачката индустрија. 

Вкупните приходи минатата година биле речиси 350 милиони евра. Поради тешките услови во оваа област, 140 компании се изгаснати.


Слично

Поврзани вести