Неопходна е поголема поддршка за малите бизниси во Македонија
Во изминатите три години, земјите од Западен Балкан- аспиранти за членство во Европската Унија вклучувајќи ја и Турција, имаат направено значителен напор за подобрување на бизнис климата но, нивните влади мора да применат нови економски политики за поддршка на малите и средни претпријатија ако сакаат да постигнат поголем раст и зголемување на вработеноста, се вели во заедничкиот извештај на ОБСЕ, Европската Комисија, ЕБРД и Европската тренинг фондација.
Извештајот беше објавен денеска во Загреб, Хрватска на Самитот за претприемништво.
“Како резултат на глобалната економска криза, владите на земјите од Западен Балкан и Турција сфатија дека улогата на малите и средни претпријатија игра голема улога за поттикнување на раст и креирање нови работни места”, изјави Антониот фанели, заменик директор на одделот за развој на приватниот сектор при ОБСЕ
Во извештајот се нотирани различни дејствувања во сите земји од регионот:
· Хрватска, Србија и Турција се лидери во спроведување на политика за развој на малите и средни претпријатија и усогласување со европските регулативи.
· Албанија, Македонија и Црна Гора имаат имплементирано програма за подобрување на бизнис климата, како на пример едноставно регистрирање фирма, но нивните влади мора да направат поголем напор за да поттикнат иновации во овој сектор и да овозможат поддршка за старт ап фирмите но и веќе развиените компании.
· Босна и Херцеговина и Косово се уште треба да работат на воспоставување институционална рамка за поддршка на малите и средни компании, развој на вештини, овозможување подобра соработка меѓу државата и локалната самоуправа но и да ја намалат надворешната поддршка во овој сектор.
