Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поголема наплата на акцизи,придобивка од соработката со холандската царина

Поголема наплата на акцизи,придобивка од соработката со холандската царина
Унапредување на институционалниот капацитет и на системот за човечки ресурси се клучните придобивки од Проектот за техничка соработка  меѓу Царинската управа на Република Македонија и Царинската и даночна управа на Кралството Холандија.
Реализирањето на проектот, како што беше нагласено при денешната презентација на резултатите, резултираше со зголемена наплата на акцизи за 32 отсто, поедноставени царински постапки при увоз и извоз, олеснување на трговијата и поголеми контроли.
- Македонија ги унапреди капацитетите за заштита на интелектуалната сопственост, го разви системот на увоз за облагородување што им помогна на домашните компании повеќе да работат и да донесат странски инвеститори, ги олесни постапките и овозможи локално царинење со што значително се намалени трошоците и времето за увоз и извоз, рече директорот на Царинската управа Ванчо Каргов.
Битен сегмент од соработката со Холандија, додаде, беше и соодветното тарифирање на стоките, како и заштитата на фискалните интереси на Македонија.
- Сепак, најважно е инвестирањето во луѓето. Затоа, особено радува прогресот на системот за човечки ресурси и интегритетот на вработените, посочи Каргов.
Изразувајќи задоволство од досегашната 10-годишна соработка, холандската амбасадорка Мариет Шурман напомена дека се уште има можност за нејзино продолжување преку ЕУ фондовите.
- Македонија стана лидер во управувањето со човечки ресурси, а царинската е една од првите администрации што има инструкции за мерење на успешноста на одредени постапки во судското застапување. Спроведовме мерење и на социјалната клима кај вработените, а изготвивме и нов предлог за систематизација кој првпат предвидува, освен задачи и обврски, вработените да имаат и компетенции, да знаат што од нив се очекува, истакна Златко Ветеровски од Царинската управа, осврнувајќи се на резултатите од проектните активности.
Слично

Поврзани вести