Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поголема бруто плата во октомври - колку земаа работниците?

Поголема бруто плата во октомври - колку земаа работниците?

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во октомври 2017 изнесувала 34 266 денари, a нето била 23 356 денари.

Во октомври 2017 година, 1.6% од вработените во Република Македонија не зеле плата.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври 2017 година, во однос на октомври 2016 година, изнесува 103.8.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (23.6%), Рударство и вадење на камен (10.7%) и  Преработувачка индустрија (8.1%).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е  забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (4.8%), Транспорт и складирање (3.2%) и Снабдување  со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (3.1%).

Слично

Поврзани вести