Економија, финансии, бизнис

Контакт

Погледнете зошто треба да пиете топла вода со сок од лимон

Погледнете зошто треба да пиете топла вода со сок од лимон

Размислете за промена на утринската чаша кафе со една чашка топла вода со сок од лимон?

Комбинацијата од топла вода со сок од лимон ќе ви помогне да слабеете и да го оставите хидриран својот организам да го подобри варењето и ќе го зголемите внесот на витамин C.

Треба да се да се користи 100-проценти органски сок од лимон. Може да го подобрите пијалокот и метаболизамот, ако додадете малку цимет и малку мелен ѓумбир во водата.

Пиењето на топла вода со сок од лимон треба да е првото нешто што го правите кога ќе се разбудите, за да го стимулирате дигестивниот систем.

Откако ќе го испиете пијалокот, треба да знаете дека тоа помага да се прочистат бубрезите и црниот дроб од токсини. Овој пијалок помага и да го исчистите вашиот лимфинен систем, како и друг систем на телото, кој ги елиминира токсините.

Водата е неопходна за хидратацијата на телото на човекот. Таа исто така го потиснува вашиот природен апетит. Лимоните се одлична алатка за намалување на целулитот, бидејќи тие го стимулираат протокот на крв во кожата.

Лимоновиот сок обезбедува високо количество на витамин C. Еден лимон дава 30.7 мг витамин C, а препорачаната дневна доза е 75 мг за жените и 90 мг за мажите. Луѓето кои консумираат повеќе витамин C се со подобар систем за варење, отколку луѓето кои не го земаат доволно од овој витамин.

Лимоновиот сок исто така ја зголемува киселоста на дигестивниот систем, кој помага подобро да се апсорбира калциумот. Апсорпцијата на калциум помага на телесната тежина, бидејќи калциумот се складира во масните клетки. Колку повеќе калциум има во масните клетки, толку полесно е да се стимулира нивното согорување. Витаминот Ц, исто така го зголемува имунитетот на човекот, помага за спречување на коронарна срцева болест и го намалува ризикот од мозочен удар, катаракта и гихт. Овој антиоксидантен витамин го намалува ризикот од рак, ако се консумира преку свежо овошје.

Слично

Поврзани вести