ПОГЛЕД КОН РАЗВРСКАТА: Четирите лидери играат пиперевка пред Ван Хоуте?
Дали денеска во раните утрински часови може да имаме договор за Македонија?
Лидерите на 4-те најголеми партии, Груевски, Заев, Ахмети и Тачи под силен меѓународен притисок ја почнуваат финанлната рунда преговори.
„Мора да се имплементира Договорот од Пржино, партиите се обврза дека ќе ги исполнат обврските од јуни и јули, во спротивно постои реална опасност Македонија да ја изгуби препорката за почеток на преговори со ЕУ. Реформскиот процес не трпи повеке одлагање и затоа треба да се фокусираме на исполнување на задачите“ вели потпретседателот на Владата Фатмир Бесими.
ЕУ веќе порача. Договор мора да има. Истата порака на Груевски му ја пратиле и амбасадорите вечерва во Владата.
„Комесарот Хан веќе јасно го изрази своето разочарување од исполнувањето на обврските од јуни/јули и ги повика сите оние кои го потпишаа политичкиот договор, да покажат лидерство и одговорност. Важно е сите земји итно да продолжат со работа за поддршка на европската работна група, со цел да се израмни загубеното време“, посочи Коцијанчиќ.
Експертите сметаат дека меѓународната заедница го губи трпението.
„Меѓународната заедница ќе ги користи сите инструменти што и се на располагање, вклучувајки ја и опцијата да и го одземе кандидатскиот статус на Македонија. Во моментов државата нема стабилни институции. Со ваков систем и со ваква поделена моќ само кон одредени политички партии ќе имаме постојана криза. Ова може да се реши само под притисок на граѓаните, а не на странците“ , проценува Башким Бакиу од Институтот за креирање на политики и добро владеење .
Деталите од договорот сега се клучни.
„Како што можеше да се очекува, спроведувањето на договорот од Пржино „запна“ кога се дојде до деталите. Имено, самиот договор е премногу општ и она што е објавено дава широки можности за различни интерпреации, а тоа пак на партиите им дава маневарски простор за форсирање на своите интереси и/или блокирање на одредени решенија кои бројот на обвинители во тимот на Јанева) Сепак, мислам дека наскоро ќе се постигне согласност за поединечните спорни прашања и ќе се „откочи“ процесот, односно со мали или нешто поголеми доцнења сите предвидени работи со договорот ќе се спроведат, а не очекувам ни поместување на терминот за избори“, оценува Александар Кржаловски, директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка.
Пред да заминат на преговори со Ван Хоуте, освен амбасадорската средба во Владата имаше и говор на премиерот во МОБ на кој тој истакна дека странците нема да одлучуваат за Македонија туку македонскиот народ.
Слично
