Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОГЛЕД КОН ИДНИНАТА: Каков живот ќе живееме!?

ПОГЛЕД КОН ИДНИНАТА: Каков живот ќе живееме!?
Во Хонгконг за прв пат оваа година вештачката интелегенција беше внесена во вишиот корпоративниот менаџмент. "Научните истражувања и технологијата во моментов се толку напредни што можеме да изградиме се што сакаме - ние сме ограничени само од нашата имагинација", вели Џастин Ратнер, корпоративниот потпретседател на Intel. И сè изгледа можно. Автоматски самоуправувачки возила може да се почетокот на цели компании чии "вработени" се состојат само од интелигентни машини. Швајцарскиот тинк-тенк Gottlieb Duttweiler Institute (GDI) проектира врз основа на мислата на Ратнер четири сценарија кои покажуваат како би можел да изгледа еден силно поврзан во мрежата свет во 2030 година и какви последици би имало тоа за различни видови на компании. Сепак сценаријата не треба да се толкуваат како предвидувања. Тие опишуваат екстремни случаи, кои нема да се случуваат во оваа форма. Авторите сакаат да обезбедат референтни точки за сегашниот развој на нашето општество. Иако, како што вели Џастин Ратнер, сè е можно, тоа не значи дека ќе стане и реалност. "Ако технички можното ја надмине приспособливоста на човекот, техничкиот напредок ќе зависи повеќе од луѓето", пишуваат авторите. На крајот општеството треба да преговара каде оди. Механизацијата може да продолжи понатаму и она што денес звучи како научна фантастика, може да се претвори во реалност. Но може да се случи и нешто сосема друго: стравот од целосна контрола од страна на владите или корпорациите би можел да доведе до отфрлање на технологијата. А ги еве и четирите можни сценарија. Сценарио 1: Google, Apple и Сие го делат светот Во 2030 година луѓето веќе нема да се дефинираат по националност, туку по својата припадност кон корпоративните држави. Тие ќе се движат во универзумот на Google, Facebook или Apple - ова се новите земји. Желбите и човековото однесување ќе може да се предвиди преку алгоритми кои анализираат огромна количина на податоци. "Уредите ќе можат да ги разберат луѓето", вели Карин Фрик, кој е во Извршниот одбор на GDI и е коавтор на истражувањето. Граѓаните на универзумот Google ќе му ги доверат на Google сите свои податоци и добиваат за тоа супериорна услуга. Автомобилот, фрижидерот и греењето ќе размислуваат во иднина во перспектива наместо луѓето, а супермаркетите ќе испорачуваат стока, пред луѓето дури и да знаат дека имаат потреба од тоа. Ова е можно, бидејќи сите уреди кои ќе ги користи човечката раса во 2030 година, собираат податоци и комуницираат едни со други. Ова работи само во случај корисникот да ги користи производите на еден производител. Кој живее во светот на Google, ќе има малку контакт со оние кои живеат во светот на Apple. "Погодно е да остане во рамките на еден систем", вели Фрик. Секој ќе живее во еден гигантски кампусот на Google или Apple. Таму човек ќе порасне, ќе наоѓа пријатели и ќе се вљубува. "Тоа е како едно големо семејство - но тоа ќе располага со доволно различности за да остане интересно". Една посета на некој од Google во светот на Apple може да биде како патување до Америка. "Контактите не прекинуваат, само стануваат по ретки ". Во центарот на овие општества е корисникот. Постои висок притисок за адаптација. Криминалот станува маргинален феномен. Благодарение на тотално набљудување, што им овозможува на корпорациите да ги пополнуваат своите бази со податоци, корпоративните држави можат да наметнат почитувањето на Етичкиот кодекс и да ги санкционираат прекршоците и злосторствата однапред. Во овој свет државата речиси не се појавува - таа постои формално, но власта е во рацете на големите фирми. Тие прават големи инвестиции во инфраструктурата и во работата во мрежа и имаат целосна контрола над сите текови на податоци. Сценарио 2: Човечката раса се повлекува од модерните технологии Во 2030 година голем дел од човештвото се повлекува од модерните технологии. Тие забележале дека технолошкиот напредок им носи слаба корист, а тоа, меѓутоа ги чини слобода и независност. Во слично општество животот се забавува - луѓе почнуваат да го ценат своето спокојство и осаменост. Тие веќе не комуницираат со смартфонот или по телефон, туку лице во лице. Економската конекција исто така се намалува. Повеќето работи се купуваат од локалните пазари, а луѓето се обидуваат да ги задоволат сами своите потреби. За луѓето слободата на индивидуата станува поважна од економскиот раст. Како резултат на тоа главен губитник е инфраструктурата, а материјалното богатство се намалува. Во овој свет единствената фиксна моќ е националната држава. Сценарио 3: еден децентрализиран интернет го прави светот подобар Во 2030 година човештвото живее во дигитален рај. Тоа има слободен пристап до знаење, дигитално образование и - благодарение на најевтиниот 3D Принтер до децентрализирани производни можности. Резултатот е во тоа што општеството е отворено, толерантно, транспарентно и креативно. И тоа е така, бидејќи власта над интернет веќе не е во рацете на компаниите или на одделни држави. Мрежната архитектура се базира на автономијата на индивидуата. Тој е слободен да одлучува кој може да ги гледа и користи неговите сопствени податоци. Затоа и луѓето можат, без да ја губат својата независност, да ги искористат придобивките од интернет на нештата. Во ова општество секој е во можност да ги оствари своите претприемачки идеи, бидејќи информациите се делат на глобално ниво. Економијата ќе просперира, бидејќи "слободните клиенти се повеќе вредни од обврзувачките, а и слободните луѓе се повредни од врзаните", вели Фрик. Тие создаваат нови работи, тие се креативни и се грижат за една економска динамика. "Големите системи имаат тенденција да се зацврстуваат. Тие се загрижени само да ја задржат својата власт ", вели Фрик." Иновациите се базирани на мали системи ". Затоа во овој свет производството е локално со 3D печатари, кои може да се репродуцираат и затоа се речиси бесплатни. Американскиот економист Џереми Рифкин верува дека преку 3D печатење невидливата рака на пазарот го постигнува својот најголем триумф, имено, "таа ги создава најефикасните пазари во светот, со маргиналните трошоци блиску до нула". Во таков свет сите стоки се во изобилство и затоа се речиси бесплатни. Затоа никој не реализира профит. "Предноста на големината се губи кога благодарение на 3D Принтери може да се произведува се подеднакво поевтино и на локално ниво", вели Фрик. "Функцијата на големите компании исчезнува, а со тоа и нивната моќ". Како резултат на тоа капитализмот абдицира - наместо тоа се создава една "економија на споделување" на основа на размена и самоуправа. А со тоа и државната структура се обраќа со главата надолу. Светот веќе нема потреба од централна власт и изборни претставници. Преку мрежата секој граѓанин може да се претставува сам. Сценарио 4: 99% дигиталност Во 2030 година се случува она, за што критичарите на глобализацијата и механизацијата предупредуваа одамна - општото набљудување и растот без работни места станаа реалност. Општеството е поделено на богати и сиромашни - при што 99 проценти се сиромашни. Малкумина имаат инвестирано во гигантското проширување на дигиталната мрежа и може денес да одредат што ќе се прави со неа. Кога заканата од тероризам станува премногу голема, националните држави се потпираат на операторите на мрежите за да ја ограничат опасноста со помош на податоците кои се собрани. Цената е висока. Политиката е слаба и зависна од желбите на елитата. Промена во околностите веќе не се гледа. Премиер класата ги тера машините и роботите да работат за неа. Човечкиот труд стана речиси бескорисни. Податоците на 99% од населението се запишуваат централно - како сите приватни и деловни тајни. Кој не припаѓа на елитата, е целосно транспарентен. Сиромашните се издржуваат со валкани работни места - во слободно време се радуваат на една виртуелна реалност - средство на елитата, со што се спречуваат немирите. Социјалната мобилност припаѓа на минатото ... K.K.
Слично

Поврзани вести