ПОГЛАВАРОТ НА БПЦ НЕОФИТ ВО СЕРИОЗНА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА: Хоспитализиран е на Одделението за неврологија во болница во Софија
Патријархот
Неофит, поглавар на Бугарската
Православна Црква пред два дена во сериозна состојба бил хоспитализиран Невролошкото
одделение на софиската болница Токуда.
Како што наведуваат денеска бугарските медиуми патријархот Неофит го пренеле во болницата високи свештеници на БПЦ кои се обиделе информациите за влошувањето на здравјето на патријархот да не излезат во јавност.
Неговата состојба сега е стабилизирана, но никој не е подготвен да дава било каква прогноза за здравјето на поглаварот на БПЦ, Неофит.
Слично
